Пишува, свири и победува: Младата Јована од Ресен го гледа светот низ уметноста – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пишува, свири и победува: Младата Јована од Ресен го гледа светот низ уметноста

Неколку стотици километри ја делат дванаесетгодишната, Јована Трајчевска до нејзиното училиште. Патувањето од Ресен до Скопје и назад е нејзино секојдневие бидејќи не може да ја следи наставата во училиштата во нејзиниот град.

 

Уште кога била мала, Јована го изгубила видот на двете очи, па затоа единствните книги кои може да ги чита се оние на брајово писмо, а тие и’ се најдостапни во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Нејзините соученици во скопска Кисела Вода се од различна возраст, но смета дека тоа не им пречи да другаруваат и да градат соживот.

Нашата соговорничка вели дека треба да се испечатат повеќе книги со брајово писмо, за да може лицата со оштетен вид да читаат и светска литература.

Своите желби и копнежи пак, Јована најдобро ги изразува преку проза и поезија. Љубовта кон семејството, пријателите и татковината веќе ги преточила на хартија. На своите 12 години, таа веќе е автор на стихозбирката насловена „Тајните на моето срце“, а во моментот подготвува и нова книга.

Оваа тинејџерка не дозволува оштетениот вид да биде пречка за да го прави тоа што го сака. Таа ужива во музиката, па свири пијано, но и хармоника. Веќе сонува да биде позната пијанистка и да држи концерти. Слободното време си го пополнува и играјќи шах, за што веќе освоила и награда.

„Им препорачувам на лицата со попречености да не запираат, тие може да функционираат. Јас се трудам, давам напори. Нека се трудат, нека не им биде  пречка оштетениот вид. Би сакала да бидам позната пијанистка и да држам концерти. Се трудам максимално“, со оваа порака, Јована и нејзиното семејството ја испратија екипата на Канал 77 , која и’ даде подарок во рамките на акцијата „Дедо Мраз сакам нешто да ти кажам“.

 

Би те интересирало и

„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од ...

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

„Лего со моето его“  е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва од 20 ...