Планинарски марш на Водно за Европскиот ден на знамето

zname-makedonija-eu

По повод Европскиот ден на знамето 2016 денеска ќе се одржи планинарски марш на Водно. Маршот кој го организира Европското движење во Република Македонија почнува пред седиштето на делегацијата на Европската унија во Скопје, со традиционална размена на знамињата на Македонија и на ЕУ.

Учесниците на маршот потоа ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња. Најавено е учество на планинари, активисти на Европското движење, ученици со родители, студенти, како и други граѓани. Активноста е дел од програмата за одбележување на Денот на Европа.

Освен церемонијалниот карактер, манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности.

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...