Планот за живот пред тетовчани синоќа го претставија кандидатите на пратеничката листа од СДСМ во изборна единица 6, предводени од претседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 4 Зоран Заев

sdsm-miting-tetovo

Изборниот караван на СДСМ синоќа пристигна и во Тетово. На раскрсницата на улицата Маршал Тито пред стотина тетовчани говореа Татијана Лалчевска и кандидат на листата на СДСМ во 6 ИЕ, носителот на листата во шесттка Петре Шилегов и лидерот на СДСМ и носител на листа на СДСМ во 4 ИЕ Зоран Заев.

Тој од бината во Тетово порача дека планот за живот на СДСМ гарантира општество кое ќе обезбеди внатрешна стабилност, рамноправност и еднаквост за сите граѓани во Македонија без разлика на која националност и вера и припаѓаат.

Заев потенцира дека нема да има федерализација ниту промена на Уставот, туку единство и сплотеност на сите.

Заедно со вас направивме План за живот кој чекор по чекор напрвивме план кој ќе го врати животот и ќе ја засили македонската економија порача од говорницата Петре Шилегов носителот на листа на СДСМ во Шесттата изборна единица

На митингот во Тетово свои настапи имаа и познати личности како Бени Шаќири, Златко Ориџански, Кристина Арнаудова, Ѓоко Таневски и др.

Би те интересирало и

Алијансата за Албанците синоќа во Гостивар одржа промотивна конвенција на кандидатот за градоначалник Арбен Таравари и советничката листа

Гостивар на прво место е името на програмата, која синоќа пред гостиварци ја престави Арбен ...

ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни ...