Плата во плик се исплаќа во штипските конфекции

Последните три месеци, дел од штипските конфекции работниците ги исплаќат на рака, покрај платата од 6000-7000 денари, што им ја пуштаат на сметка. Ова го тврдат од Здружението Гласно, чии членови денеска на новинарите им покажаа документ што до нив го доставила текстилна работничка.

Горан Трајков од Гласно вели дека со ова работдавачите го прекршуваат законoт и директно го оштетуваат државниот буџет со неплаќањето на данокот.

-Платата е 7.000 денари, некаде е 6.000 денари, 3.000 или 2.500 некаде се даваат на рака. Тука, во конкретниот случај со работничката со која разговаравме се 1.800 денари. На прашањето зошто пари во плик, и’ било одговорено: „Така земаат сите и ти така ќе земеш“ – изјави Трајков.

Иако исплатата на минималната плата од 10.080 денари е законски задолжителна, сопствениците на конфекциите, според Трајков, го користат  недоречениот дел од законот за нормиран учинок. Практично, тоа значи дека сопствениците ја зголемуаат нормата, која станува нереална за остварување и тоа е оправдување за пониските плати, бидејќи работниците изработуваат многу помалку од предвидените 100 отсто.

-Синдикатот, Текстилниот кластер и Сојузот на работодавачи имаат потпишано во член 2, да се дозволи нормиран учинок. Нормираниот учинок не е разјаснет до крај, што потоа го злоупотребуваат работодавачите. Секојдневно им ја менуват нормата на работниците. Од тука, нестасува класификација на работните места по операции и затоа работниците во текстилната индустрија не можат да достигнат 100% успешност – објаснува Трајков од „Гласно“.

За ваквиот начин на исплата, Трајков ги повика на дебата Текстилниот кластер и Сојузот на работодавачи. „Гласно“ упати апел до институциите да го проверат работењето на конфекциите во делот на исплата на плата, а заедно со Хелшинскиот комитет за човекови права, најави реакција до инспекциите.  Како што рекоа од Здружението, ова е пракса во Штип, но не е исклучено да е присутнаи во другите градови.

Додади коментар

Би те интересирало и

Приврзаниците на „За заедничка Македонија“ ноќта ќе ја поминат во шатори пред Собранието

Откако влегоа насилно во Собранието, приврзаниците на „За заедничка Македонија“ почнаа да поставуваат шатори пред ...

Собранието испразнето, полицијата ги проверува просториите

Полицијата вечерва ја испразни собраниската зграда. Светлата во законодавниот дом се изгаснати. Пред сите влезови ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger