Плачењето е здраво !? – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Плачењето е здраво !?

Голем број луѓе плачат на тажни приказни во филмовите, на песни во чии зборови се пронаоѓаат себеси, на нечии тажни животни приказни.

Иако таквите луѓе често се изложени на потсмев, бројни студии покажуваат дека плачењето помага во зачувување на физичкото и менталното здравје. Солзите ги чуваат очите од дехидрација и штетни материи кои доаѓаат во близина на очите, а тоа е нивната примарна улога.

Плачењето е идеален избор на лек за стрес, бидејќи овозможува опуштање од секојдневните притисоци на кои сме изложени во животната средина. Овој процес буквално претставува вентил кој ги пропушта негативните емоции и овозможува олеснување на психата. Научно е докажано дека оние кои не можат да се воздржат од плачење ги намалуваат штетните ефекти на стресот. Наспроти нив, оние кои ретко или речиси никогаш не плачат го зголемуваат нивото на стрес, кој поттикнува појава на чир, висок крвен притисок и проблеми со срцето.

Би те интересирало и

Секојдневни навики кои додаваат килограми

Ако избегнувате брза храна, слатки и редовно вежбате, но никако да симнете неколку проблематични килограми, ...

По 35 години забрана, ќе има кино проекции во Саудиска Арабија

По 35 години забрана на кината, во Саудиска Арабија започнаа проекции на анимирани филмови. Првите постојани кино-сали ...