ПЛУСИНФО: 30 милиони евра „стопени“ од сметките на МВР во времето на Јанкуловска – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ПЛУСИНФО: 30 милиони евра „стопени“ од сметките на МВР во времето на Јанкуловска

Околу 30 милиони евра изнесува првично утврдената штета која поранешното раководство на Министерството за внатрешни работи,предводено од Гордана Јанкулоска, сега обвинета во низа случаеви на Специјалното јавно обвинителство, за девет години, преку сметките за денарско и девизно работење и спец-касата на МВР и УБК ја ненло врз Буџетот на Република Македонија. Точната бројка ќе се знае откако државните ревизори ќе ја испразнат големата соба во МВР полна со сметки, дознава порталот Судство.мк.

Во купиштата хартии, ревизорите ќе треба да најдат колку пари се одлеани преку илјадниците фискални сметки, патни налози за службени патувања во земјава и странство, одвоени пари за семинари и обуки, наводно потрешени кеш пари оправдани само со писмено образложение „службен ручек со соработник“ и „трошок на соработник“ и слично.

Преземено од: Плусинфо

Би те интересирало и

Жител на Кичево сексуално вознемирил шестгодишно девојче

Полицијата привела шеесет и седумгодишен жител на Кичево откако е пријавено дека во близина на ...

Прилепчанец се обидел да силува велешанка откако преку интернет се договориле за средба

Дваесет и седумгодишна велешанка се здобила со телесни повреди откако триесет и едногодишен, прилепанец се ...