Победи на Карпош Соколи и Фени Индустри во БИБЛ лигата

Фото: Архива
Фото: Архива

Македонските претставници во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ), Карпош Соколи и Фени Индустри забележаа победи во натпреварите од Б групата одиграни синоќа.

На дуелот во Скопје, составот на Карпош Соколи за кој дебитираше поранешниот репрезентативец Бојан Трајковски, ја совлада екипата на Трепча со 85:69. Во втората победа на „соколите“ во БИБЛ лигата, Трајковски партиципираше со 16 поени, додека Кенрик Пери постигна 18, а Драган Лабовиќ 17 поени. На гостувањето во Тирана, кај истоимената албанска екипа, победа со 72:63 забележа Фени Индустри. Бранислав Џекиќ со 18 поени беше најефикасен во кавадаречкиот состав за кој ова беше четврта победа во БИБЛ.

Синоќа се одигра и еден натпревар во А групата, Пеќ по продолжение минимално со 76:74 ја совлада Сутјеска.

А група – табела: Куманово 5-2 (победи-порази), Берое 4-2, Башкими 3-4, Теодо 3-3, Кожув 1-5 и Сигал Приштина 2-2.

Б група – табела: Фени Индустри 4-2 (победи-порази), Сутјеска 4-2, Тирана 3-4, Карпош Соколи 2-5, Трепча 2-4  и Пеќ 3-1.



Додади коментар

Би те интересирало и

Настапи на Куманово и Карпош Соколи во регионалната БИБЛ лига

Две екипи македонски претставници во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) денеска ќе имаат свој настап ...

Меџик Џонсон назначен за нов претседател на ЛА Лејкерси

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкес, Ирвинг Меџик Џонсон е назначен за нов претседател на ...

Close