Повик за грантови за граѓански организации

pretpriemaci-laptop

Во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од ЕУ, денеска во Скопје ќе се одржи првата информативна сесија за повикот за доделување грантови за поддршка на претприемништвото кај младите од немнозинските етнички групи.

Повикот, како што информира ПСМ Фондацијата, се фокусира на две приоритетни теми: подобрување на условите за развој на претприемништвото и интегрирање на претприемачи од немнозински етнички заедници во програми за поддршка и вмрежување.

Грантовата шема има вкупен фонд од 2.882.271 денари, додека максималниот износ по поединечен грант е 320.252 денари. Грантовите се отворени за граѓански организации, при што се планира да бидат вклучени најмалку 18 граѓански организации.

Предлог-проектите треба да бидат со максимално времетраење од шест месеци и да се имплементираат во периодот март – август 2017 година.

Овој месец инфо денови ќе има и во Тетово, Битола и во Штип.



Додади коментар

Би те интересирало и

Кој ќе ги осигура возилата и патниците на ЈСП

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје објави оглас за доделување на договор за јавна набавка за ...

ММФ: Без намалување на грчкиот долг, но потребни се дополнителни реформи

Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави дека засега нема потреба за намалување ...

Close