Поворката со телото на Оливер Ивановиќ тргна низ Косовска Митровица за Белград – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Поворката со телото на Оливер Ивановиќ тргна низ Косовска Митровица за Белград

Голем број на граѓани од Северна Митровица но и од Централна Србија пристигнаа ноќеска и во редици чекаа да му оддадат почест на Оливер Ивановиќ.


Како што јавува РТС граѓаните не сакаат да даваат изјави бидејќи се во состојба на шок и неверување. Оставаа цвеќиња и пораки.
Телото на Ивановиќ ќе биде пренесено во Белград, а се очекува огромна колона на возила да го испрати до административната линија. Ивановиќ утре ќе биде погребан на Новите гробишта во Белград.
Оливер Ивановиќ беше убиен вчера пред просториите на својата партија во Косовска Митровица. Резултатите од обдукцијата покажаа дека во него е пукано од пиштол „долга деветка“ а погоден е со шест куршуми.
По седницата на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна дека е договорено да се испрати писмо до органите на Еулекс и Унмика со барање, државните органи на Србија да учествуваат во истрагата, додека Српското обвинителство за организиран криминал отвори предистражна постапка.

Директорот на косовската полиција изјави дека е формирана специјална единица која што ќе работи на истрагата на убиството на Ивановиќ.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека доколку биде потребно, ќе ги повика и ФБИ да се вклучи во истрагата на убиството на лидерот на „Слобода, демократија, правда“.

Би те интересирало и

Без српските гласови нема косовска војска

Меѓународниот фактор во Приштина инсистира на тоа дека при одлучувањето за трансформација на Безбедносната сила ...

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...