Повредени се 16 лица во 14 сообраќајки во Скопје

Сопатник е тешко повреден, а двајца возачи на патнички автомобили се здобиле со полесни повреди во сообраќајка вчера во Скопје. На подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани уште 13 несреќи, а  во осум од нив полесно се повредени 13 лица. Пет сообраќајки се со последица материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека во текот на изминатиот  ден полицијата открила поголем број прекршоци: 13 возачи  се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на црвено светло на семафорите, 12 управувале возила со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 37 за непрописно паркирани возила. Со помош на  специјално возило  отстранети се 61 возило заради непрописно паркирање.

Одделението за превенција вчера одржа посебна воспитна мерка сообраќајна поука за учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Од СВР Скопје информираат дека продолжуваат и со предавања на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“ со ученици од IV година во средните училишта на подрачјето на главниот град

Додади коментар

Би те интересирало и

Директорот на АЕК преку Агенцијата донирал пари на Федерација каде што тој е претседател

Директорот на АЕК, Сашо Димитријовски, делел донации на Велосипедската федерација, на која тој е претседател. ...

Во сообраќајка тешко повредено 7-годишно девојче, се бори за живот

Во сообраќајна несреќа што се слушила на 27 мај во 5.15 часот на магистралниот пат ...

Close