Повторно ограбен возот од Грција – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Повторно ограбен возот од Грција

voz

Возот кој сообраќа на релација Грција – Србија, а поминува низ Македонија, повторно бил ограбен, а од него се украдени монитори и компјутери.

Имено, како што соопшти полицијата, во четврток околу 5.15 часот на железнички премин Табановце, при преглед во воз кој сообраќал на релација Богородица – Табановце, од страна на царински посредници било забележано дека недостигаат пломби на три контејнера, по што настанот го пријавиле на граничните работници.

При извршениот преглед, од страна на вработени на ГП Табановце било утврдено дека на првиот вагон биле скинати пломбите и одземени биле 11 монитори „ЛЦД 19,5“, „ЦЗ 01“ во вкупна вредност од 538 американски долари, на вториот вагон биле скинати пломби и одземени биле 36 куќишта за компјутери марка„Авентис TWR “, во вкупна вредност од 4.644 американски долари, и на третиот вагон биле скинати пломби, но не било одземено ништо.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. Грабеж на истиот воз се случи и пред две недели, а исто така беа украдени компјутери и монитори.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Дачиќ: Решавање на косовското прашање само преку компромис

Во интерес на Србија, не е поништувањето на Бриселскиот договор, туку неговото спроведување, изјави министерот ...

Регионалната платформа: Брзата реакција на српската полиција претставува добар знак

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, ...