Повторно помор на риби во Брегалница, реакциите на рибарите не допираат до надлежните (фото)

Веќе еден месец штипските рибари собираат мртви риби од водите на реката Брегалница. Најмасовен поморот беше на 25 и 26 овој месец, а мртви риби забележени се и во текот на вчерашниот ден. 

По пријава од страна на концесионерот, Здружението на спортски риболовци ,,Брегалница 2011“ на лице место излегол надлежен државен еколошки инспектор. Било констатирано дека причината на поморот на рибите е во истекот на отпадните води.

Рибарите апелираат, надлежните да преземат соодветни мерки за санација на проблемот и заштита на рибниот фонд во реката.

Поморот на риби е навистина голем. Утврдени се 50-60 парчиња риба на м/квадратен  што е жално, ние како концесионери апелираме да се преземат итни мерки за санација на проблемот и заштита на рибата во реката. Да нема и во иднина вакви случаи на помор на риби -вели Зоран Шурдвски, член на У.О на здружението ,,Брегалница 2011“

Засега мерки за санација на проблемот нема. Општинскиот еколошки инспектор Сенка Андреева вели дека за утре има закажано средба со државниот еколошки инспектор, за да ја утврдат состојбата, да излезат на терен и да се согледа кои се потенцијалните фирми или поединци чии што отпадни води се влеваат во колекторот и го предизвикуваат поморот на рибите. Тоа се случува затоа што немаме пречистителна станица, тврди Андреева.

Во меѓувреме, вели Шурдовски, рибата во Брегалница е загадена и не треба да се консумира.

Па рибата моментално, од самиот помор нормално дека е загадена и не е препорачливо да се јаде. Мора да помине одреден период, па рибарите повторно да ловат, а рибата да може да се јаде.

Во секој случај еколошките закони и ,,построги“ правила за фирмите не успеваат  да ги спасат рибите во Брегалница. Ќе мора да истече многу вода, додека се откријат виновниците, додека работите се вратат во нормала а рибите на трпезите.

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...