Повторно разбојништво на пензинска пумпа: Украдени пари и цигари

Денеска околу  04.30 часот  по полноќ на бензиска пумпа во с.Проевце, кумановско, четири непознати маскирани лица извршиле разбојништво над двајцата вработени – информира МВР.

Сторителите со закана со пиштол им ги одзеле торбите со парите од дневниот промет, со засега неутврдена сума пари, а потоа ги затвориле во тоалетот. На излегување од објектот одзеле и неколку штеки цигари, по што со ПМВ непозната марка побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би те интересирало и

Виница: Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата ...

Користејќи туѓ Фејсбук профил зел 600 евра од негови пријатели

Вчера околу 17 часот З.М. (55) од гостиварското село Чајле, пријавил компјутерска измама од засега ...