Погба: Јас сум најлошиот играч на светот, но….

Пол Погба доби безброј критики во изминатава натпреварувачка сезона која беше прва за него во Манчестер Јунајтед откако го направи рекордниот трансфер вреден повеќе од 100 милиони евра, факт кој дополнително му вршеше притисок на француската ѕвезда која не наиде на баш пријателски третман од страна на неуморните англиски таблоиди.

Погба сега одлучи со ладна глава да направи една фудбалска рекапитулација на завршната сезона во ексклузивното интервју за магазинот „Esquire“, па со голема доза на иронија дојде до јасен заклучок кој секако беше упатен за сите големи критичари во изминативе 10-тина месеци.

– Најлошиот играч во светот освои три трофеи. Тоа е добро, го прифаќам таквиот примат. Најпреценетиот, играчот кој не вреди толку пари…. Ова момче во наредниот месец ќе ужива во својот одмор и тоа со сите три освоени трофеи. Само да не заборавиме, ќе играм и во Лигата на шампионите наредната сезона, – иронично нагласил Погба кој минатото лето одлучи да се врати на „Олд Трафорд“ по спектакуларната авантура која ја имаше во Италија како член на Јувентус.

Превземено од: Дерби

Би те интересирало и

Очекувана победа на Реал над Еибар

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа очекувана победа во дуелот против Еибар. На средбата од 9. ...

Јаховиќ ја доби првата понуда – Рускиот гигант го сака Македонецот!

Македонскиот повремен репрезентативец, Адис Јаховиќ, оваа сезона игра фантастично, а после двата погодоци во вчерашниот ...