Погубен поранешен шеф на полицијата во Кина

Поранешниот шеф на полицијата на северна кинеска покраина е погубен откако беше осуден за убиство, корупција и илегално поседување огнено оружје, јавија кинеските државни медиуми.

Смртната казна изречена на Зао Липинг ја поддржа кинескиот Врховен суд, наведува агенцијата Синхуа.

Зао (66) ја убил својата 28-годишна љубовница и го запалил нејзиното тело.

Пензионираниот шеф на полицијата исто бил обвинет и за злоупотреба на положбата и примање мито во износ од вкупно 23,7 милиони јуани (3,5 милиони долари).

За време на истрагата полицијата во неговиот дом пронашла илегално огнено оружје и муниција.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Експлозијата во Њујорк обид за терористички напад, нема повредени освен бомбашот

Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетн. ...

Пожарот во Калифорнија голем колку Њујорк

Површината зафатена од голем пожар во Калифорнија сега е поголема од градот Њујорк, наведе Би-би-си. ...