Подгорица: Фрлена бомба на објект во изградба

Во Подгорица утрово околу 3:40 часот е фрлена експлозивна направа на објект во изградба во сопственост на таткото на Дамир Мандиќ, кој е осуден во 2015 година на 19 години затвор поради убиството на главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Дан“, Душко Јовановиќ.

Семејството Мандиќ во моментов не знае кој стои зад нападот бидејќи тие во последниов период немале никакви расправии со никого.

„Се надеваме дека истражните органи ќе утврдат кој стои зад ова и кој е мотивот бидејќи ние не можеме да сфатиме кој и поради што би направил вакво нешто“, велат од семејството Мандиќ.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Еден загинат во сообраќајна несреќа со автобус што патувал кон Македонија

Автобус што патувал од Германија кон Македонија вчеравечер удрил во автомобил во Шлиербах, Австрија. Како ...

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...