Поднесени 1.824 приговори за екстерното тестирање – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Поднесени 1.824 приговори за екстерното тестирање

eksterno

Оправдано отсутните ученици, како и оние кои поради технички проблеми не се тестирале, ќе бидат тестирани на 19 и 22 август. Во јунската сесија се поднесени 1.824 приговори, односно приговарано е на само 0,5% од тестовите од екстерното тестирање.

Прифатени се 18,4%, делумно прифатени се 21,2% од приговорите, а 60,4% од приговорите се неосновани, соопшти Државниот испитен центар. Најмногу приговори се поднесени за предметите: математика, македонски, информатика, биологија и природни науки, a најчесто приговарале ученици на кои им недостасува 1 или 2 бода за одлична оценка (1.000 ученици). Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат избришани од базата на прашања.

– Оваа процедура ја практикуваме од минатата година и тоа е една од причините поради кои имаме се помалку основани приговори – велат од Центарот.

Оправдано отсутните ученици, како и оние кои поради технички проблеми во училиштата не биле во можност да го завршат успешно тестирањето ќе бидат тестирани во августовската сесија која ќе се реализира на 19 и 22 август.

Би те интересирало и

АХВ: Интензивно се работи на исполнување на условите за извоз на свежо свинско месо

Македонија интензивно работи на добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо во ЕУ. Според ...

Туск и лидерите од регионот во Скопје на состанок на Брдо-Бриони процесот

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на ...