Поевтин мобилен роаминг од Србија, Црна Гора и БиХ за Македонија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Поевтин мобилен роаминг од Србија, Црна Гора и БиХ за Македонија

Корисниците на мобилните оператори од Македонија од денеска ќе плаќаат за 20 проценти поевтин мобилен роаминг од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

За една минута разговор во роаминг ќе се наплаќаат по 11,6 денари, за СМС порака 3,7 денари, а за мегабајт-интернет 12,3 денари.

Ова е трето и последно намалување на цената на мобилниот роаминг предвидено со договорот од септември 2015 година склучен помеѓу  четирите држави од регионот.

Договорот беше постигнат со цел да  поевтинат роаминг услугите во регионот коишто се значително повисоки со цените во државите од Европската унија.

Од 15 минатиот месец  стапи во сила одлуката за укинување на роамингот за телекомуникациските услуги за земјите од Европската Унија. Мерка се однесува за жителите на земјите од Европската унија, кои патуваат во рамки на Унијата.

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...