Пожарот во Лондон: Штедени се пари при изградбата на зградата

Дополнителен трошок од 5.000 фунти можел да ја направи зградата „Гринфил Тауер“ посигурна при евентуален пожар.

Според британските медиуми, при изградбата на зградата биле поставени стотици алуминиумски панели произведени од компанија со седиште во САД која прави три типа фасади. Две од нив – со огноотпорни јадра.

Специјалисти сметаат дека компанијата градител користела поевтина фасада која е лесно запалива и која е забранета во Америка. Се смета дека таа помогнала значително за ширењето на пожарот.

Освен тоа огноотпорните панели чинеле 24 фунти на квадратен метар, што е за само 2 фунти повеќе од забранетиот вид употребен при изградбата на „Гринфел Тауер“.

Денес експерти тврдат дека овој дополнителен трошок би спречил или барем би ја ограничил трагедијата која го потресе Лондон.

Превземно од: Стандард

Би те интересирало и

Приведени две лица во врска со вчерашната пукотница во Охрид, по можниот извршител се трага

Полицјата приведе и лиши од слобода две лица во врска со вчерашниот оружен инцидент во ...

Притвор за лицето што го застрела ловџијата во струмичко – сакал да го прикрие настанот, тврди полицијата

Два дена по инцидентот кај браната Водоча – струмичко, каде смртно настрада ловџија, полицијата приведе ...