Пожарот во Македонски Брод се шири, огнот го гасат авиони

Веќе десет дена гори пожарот во Македонски Брод, кај Требовле. Пожарот се проширил и крај патот што води кон пештерата Пешна. Во моментов, на неколку локации каде што гори нема противпожарна екипа.

Високите температури, ветерот и непристапниот терен ја отежнуваат работата на пожарникарите кои на неколку локации се борат со огнот.

Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека активни се два пожара од кои едниот е од месноста Круша, атар на селото Близанско со правец на движење кон Требовле, а вториот пожар е од Требовле со правец на движење кон месноста Лутоец и Фојник.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека со своите авиони континуирано дејствуваше во Требовле од 19 до 29 јули. Поради технички причини, авионите не биле ангажирани во гасење на огнот само вчера.

„Во тој период остварен е вкупен налет во противпожарни операции од 44 часа и 40 минути при што со воздухопловите е дејствувано врз пожарите во вкупно 89 наврати при што пламените стихии се бомбардирани со вкупно 275.900 литри вода што и допринесе за намалување на интензитетот на пожарите, а во голем дел и нивно сузбивање“, соопшти ДЗС.

Во операциите биле вклучени и два хеликоптери Ми-17 на АРМ.

Од Дирекцијата за заштита на спасување велат дека интензивните операции на авионите на ДЗС во периодот 19-29 јули како и технологијата на одржување на леталата довела до потреба од краток прекин во воздухопловните операции поради потребата од редовни и вонредни инспекции на системите на авионите АТ-802А Фајр Бос како и поправка на одредени помали дефекти кои се јавиле како резултат на интензивното летање во текот на јули.

„Сите тие работи беа успешно завршени од воздухопловно-техничкиот персонал на ДЗС во текот вчерашниот ден, 30 јули. Како резултат на тоа, авионите на ДЗС се повторно целосно оперативни и од утрово интензивно дејствуваат во реонот на село Требовље, Македонски Брод“, соопшти Дирекцијата.

Денеска околу 11 часот избувнал пожар и над село Грачани, Општина Ѓорче Петров, во којшто била зафатена стеблеста шума.

Според првичните информации, пожарот бил во голем обем и се ширел кон куќите кои биле на околу 300 метри.

На местото на пожарот се излезени екипи од противпожарната служба и полицајци.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close