Пожарот кај Требовље локализиран

Пожарот кај четири дена беснее во атарот на поречкото село Требовље ноќеска бил локализиран велат од ЦУК.

Според информациите од населението досега од пожарот се опфатени преку 400 хектари борова шума, а огнената бура се повеќе го зема својот замав.

-Пожарот е на непристапен терен. Во текот на вчерашниот ден интервенирале два авиони на ДЗС во десет налети но не постигнале поголем ефект во гасењето.Во гасењето интервенирале вработени на Ш.С Македонски Брод,ТППЕна Македонски Брод и од месното население. Тие и утрово се на терен и работат на гасењето на повеќето жаришта кои што се уште се активни.-вели Тихомир Краљевски
Жителите од овој крај се револтирани поради бавната реакција на ДЗС.

-Уште во првиот ден се обративме до Дирекцијата за заштита и спасување, од каде не наидовме на интерес за соработка и помош. Имено, оттаму дури третиот ден, вчера после 13 часот беа испратени само 2 мали авиони, кои не успеаа да го локализираат пожарот ниту пак да ја намалат опасноста. Денеска повторно се обративме во Дирекцијата, како и на останатите институции, но се уште нема никаков интерес од нивна страна.-вели Претседателот на месната заедница, г-дин Златко Петровски.

-Пожарот не стивнува и се плашиме дека до крај на денот, може да се прошири и до Јасен, со што ќе изгубиме голем дел од убавата природа која ни е на располагање. Но, најважно од се, е тоа што пожарот е опасен по живот за тамошните жители.

Во моментов, единствено се потпираме на помошта на локалните жители и доброволци кои ја понудија својата помош, која за жал не е доволна.
Затоа, апелираме Дирекцијата за заштита и спасување да ја сфати сериозноста на проблемот и да ни помогне во решавање на истиот.-додава Петровски.
Доколку не се преземе нешто наскоро, опасноста од пожарот кој може да го проголта целото село се уште демнее. Жителите се во паника и замолуваат за помош од надлежните.

Додади коментар

Би те интересирало и

Поднесен посебен извештај против четири лица вмешани во „Транспортер 2“

Секторот за внатрешни работи Битола, постапувајќи по Наредба на Основното јавно обвинителство Битола, во врска ...

Во Куманово изутринава уапсен Игор Југ, еден од напаѓачите во Собранието

Изутринава во Куманово е уапсен Игор Југ, еден од групата која за време на „крвавиот ...

Close