Пожар на Јабланица, куќите се безбедни

Пожарот што вчера попладне избувна меѓу селата Водоча и Баница, Струмица се прошири на Јабланица.

Според информациите на МВР, вчера околу 14 часот, помеѓу селата Водоча и Баница-Струмица, во близина на военото стрелиште, каде мештаните од село Баница фрлаат смет и друг отпад, настанал пожар што се проширил над село Баница кон браната „Водоча“.

Над селото, односно над самите куќи пожарот е локализиран, но истиот во поголем обем се проширил по планината Јабланица.

Во гаснењето на пожарот учествуваат екипи од Противпожарна единица Струмица,  „Комуналец“ и “Македонски шуми“.

Пожарот сè уште не е локализиран, а на самото место има и две патроли со по двајца полициски службеници, кои не дозволуваат пристап на малолетни лица и движење на возила кои би го попречиле нормалното движење на возилата кои учествуваат во гаснењето на пожарот.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...