Позајмил возило од пријател – наместо да му го врати, го продал на автопазар

Битолската полиција поднесе кривична пријава против триесет и едногодишниот, У.А. од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „измама“.

На крајот од ноември 2016 година пријавениот, од лице од Битола изнајмил на користење патничко моторно возило марка „Шкода Октавија“,  при што дневно требало да му плаќа по 900 денари. Договорот бил пријавениот да го има возилото 10-11 денови, со тоа што првично платил 2000 денари, а остатокот од парите да му ги исплати за неколку денови. Пријавениот, и во текот на 2016 и во текот на 2017 година, не го вратил возилото.

На крајот на февруари пријавениот, на автопазар во Битола, го продал наведеното возило на лице од Битола, со што на оштетениот му предизвикал материјална штета од 150.000 денари.

Додади коментар

Би те интересирало и

Директорот на АЕК преку Агенцијата донирал пари на Федерација каде што тој е претседател

Директорот на АЕК, Сашо Димитријовски, делел донации на Велосипедската федерација, на која тој е претседател. ...

Во сообраќајка тешко повредено 7-годишно девојче, се бори за живот

Во сообраќајна несреќа што се слушила на 27 мај во 5.15 часот на магистралниот пат ...

Close