Позитивни коментари за одлуката да не се воведе Кембриџ програмата во Средното образование

Кембриџ програмата во Средното образование ќе создадеше проблеми поголеми и од актулелните, сметаат дел од просветните работници, кои ја поздравија одуката на владата, да не се воведе оваа програма во наредната учебна година.

Фото: Архива

Професорот Љатиф Исмаил, вели дека Кембриџ програмата не соодејствува со моменталните услови во Македонското образование , каде нема доволно инфраструктура, а од друга страна, ниту еден професор нема поминато обука за оваа програма, која е многу скапа и одзема време.

Наставниците пак очекуваат Кембриџ програмата да се укине во основното образование, која на учениците им создава тешкотии во совладувањето на материјалот. Одделенскиот наставник Драгица Јовановска, вели дека децата учат непотребни материи кои не се јасни и не ги знаат ниту просветните работници. Според неа, потребна е реформа во начинот на изведување на настава во Основното образование, каде треба да се укинат повеќе предмети и да се воведат нови.

Владата одлучи да не се воведе Кембриџ програма во Средното образование. Министерката за образование Рената Десковска, за медиумите изјави дека Кембриџ програмата во Основното образование не може веднаш да се укине, најпрвин потребно е целосно да се анализира програмата да се утврдат најголемите недостатоци, и да се воведе нова програма која ќе биде во согласност со постоечките услови и возраста на децата.

Додади коментар

Би те интересирало и

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Интегрална верзија од Договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде објавен на 1-ви следниот ...

Close