Познати полуфиналните двојки за фудбалскиот Куп на Македонија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Познати полуфиналните двојки за фудбалскиот Куп на Македонија

Актуелниот освојувач и бранител на трофејот, Пелистер во полуфиналето од Купот на Македонија ќе излезе против Академија Пандев, а во вториот полуфинален меч за место во финалето ќе спорат Шкендија и Ренова.

Во првите средби домаќини ќе бидат Пелистер и Шкендија.

Финалето во македонскиот куп оваа година се игра на 9 мај.

Двојки за полуфиналето во Купот на Македонија:

ФК Шкендија – ФК Ренова

ФК Пелистер – ФК Академија Пандев

Термини за одигрување на натпреварите:

14.03.2018., среда, 14.00 |  прв натпревар

11.04.2018., среда, 16.00 |  реванш натпревар

 

Инаку, двојките за полуфиналето од Купот на Македонија беа извлечени денеска во просториите на ФФМ.

Би те интересирало и

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа, според извештајот на холандската компанија за бизнис и ...

Зидан не би го менувал Роналдо за Салах

Не би го менувал Кристијано, ниту кој и да е од моите играчи. Кристијано е ...