„Политико“: САД размислуваат да го напуштат Советот на ОН за човекови права

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп ја разгледува можноста за излегување од Советот на Обединетите нации за човекови права, кој американските власти го сметаат за неефикасна институција – пишува весникот „Политико“.

Според извори на весникот, поранешни и сегашни вработени во администрацијата на САД, Белата куќа се сомнева како во ефикансоста на Советот на ОН за човекови права, така и во неоходноста САД да останат во тој орган, во кој има претставници на држави како Саудиска Арабија, познати по кршење на човековите права.

Сепак американската администрација не размислува за итно напуштање на Советот, кој утре треба да одржи седница.

Конечната одлука ќе зависи од Трамп, државниот секретар Рекс Тилерсон и постојаниот претставник на САД во ОН Ники Хејли, додава весникот.

Би те интересирало и

Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол

Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој ...

Хаг пресуди : Доживотен затвор за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби ...