Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата

Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика граѓаните да пријават доколку забележат деца како играат фудбал на улица.

Властите таа одлука, ја објаснуваат така што „пријавувањето на шутирање топка на улица помага да се спречи однесувањето на децата коешто е во спротивност со друштвените конвенции”.

Писмата беа испратени до локалните жители откако, како што се наведува, е забележано „анти-социјално однесување, како што е играње фудбал на улиците”.

Од полицијата додаваат дека таквото однесување на децата „може да ги оштети автомобилите, но и да ги доведе децата во опасност”.

– Ќе ги засилиме контролите кои ќе служат за советување на децата кои ќе бидат забележани како си играат на улица. Тоа е во фокусот на полицијата, а ќе има и натамошни акции, се вели во соопштението.

Дел од жителите на областа сметаат дека одлуката е смешна и непотребна и дека тоа, покрај современите технолошки уреди, уште повеќе ќе ги одвраќа децата да излегуваат надвор.

Би те интересирало и

Склоноста на Џастин Теру кон неверство – можна причина за разводот со Џенифер Анистон

Подолго време медиумите во САД пишуваа дека бракот на Џенифер Анистон и Џастин Теру е во криза, ...

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на ...