Полицијата регистрирала три инциденти поврзани со претстојните локални избори

Изминатите 24 часа полицијата регистрирала три инциденти поврзани со претстојните локални избори – информира денеска МВР.

Првиот инцидент е регистриран синоќа во село Арачиново, додека активисти на политичката партија „БЕСА“ лепеле плакати непознато лице од автомобил  испукало еден куршум во воздух од огнено оружје, по што заминало во непознат правец.

Во населба Драчево непознат сторител со камен го оштетил стаклото на штабот на политичката партија „Обединети за Македонија“.

На булеварот „1-ви Мај“ во Битола полициски службеници затекнале три лица како со црн спреј прскаат на изборно пано со плакат од кандидатот за градоначалник на политичката партија СДСМ.

Би те интересирало и

Еден загинат во сообраќајна несреќа со автобус што патувал кон Македонија

Автобус што патувал од Германија кон Македонија вчеравечер удрил во автомобил во Шлиербах, Австрија. Како ...

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...