Полицијата трага по убиецот од ул. „Галичица“ во Охрид – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Полицијата трага по убиецот од ул. „Галичица“ во Охрид

Шеесет и седумгодишната, Спаса Бојоска е жртва на непознатиот убиец во Охрид. Полицијата засега нема поконкрентни информции за неговиот профил, дали е вооружен и опасен по околината.

-СВР Охрид трага по сторител кој во текот на вчерашниот ден, во времето од 11 часот и 30 минути до 19 часот и 25 минути, влегол во станот на Спаса Б. (67) од Охрид, со опасно орудие-најверојатно нож ја нападнал и и’ задал повеќе смртоносни убодни рани во пределот на главата, вратот и телото а потоа извршил пребарување низ собите. По извршување на кривичното дело, сторителот ја заклучил влезната врата и незабележан го напуштил станот -информира портпаролот на охридската полиција, Стефан Димовски.

По наредба на јавен обвинител врз телото на жртвата денеска ќе биде извршена обдукција.

Полицијата работи на расветлување на немилиот настан кој ја вознемири охридската јавност.

Би те интересирало и

Села треба да сведочи за насилството во Собранието

Пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска во Кривичниот суд треба да ...

Иран: Во авионската несреќа загинале 65 лица, 66-тиот патник не стигнал на летот

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека во авионската несреќа што се случи утрово загинале ...