Положбата на спиење го открива каков е вашиот карактер

Постои директна врска меѓу положбата во која спиеме и нашите лични карактеристики. Во која поза спиеме може да открие многу за нас, но и да има влијание на здравјето.

Проверете дали ќе се пронајдете:

  • Положба на фетус – Најчеста положба на спиење особено кај жените. Луѓето кои спијат на страна свиткани како бебе во стомакот најчесто се срамежливи на почеток на познанствата, но брзо се опуштаат. Имаат фасада на „цврсти личности“, но одвнатре се нежни.
  • Морска ѕвезда – Луѓето кои спијат со рацете покрај перницата и на грб најчесто се многу добри пријатели. Сакаат да ги сослушаат луѓето, но не сакаат да бидат во центарот на вниманието.
  • Слободен пад. Луѓето кои спијат на стомак, со главата на една страна, а рацете околу перницата важат за друштвени и дрски, но од внатре имаат изненадувачки карактер. Не се дебелокожци, тешко поднесуваат критики и не сакаат екстремни ситуации.
  • Војник. Луѓето кои спијат на грб со рацете прилепени за телото по страна, како војник, често се тивки и резервирани. Не сакаат галама и гужва, но и на себе и на другите им поставуваат високи стандарди
  • Посегнувачи. Оние кои спијат на страна со рацете над нив како да сакаат да достигнат нешто имаат отворена природа. Сепак, умеат да бидат цинични или сомничави.
  • Опуштени. Оние кои спијат на страна со рацете потполно опуштени, такви се и по природа. Сакаат да бидат во друштво и им веруваат и на непознатите. Сепак, умеат да бидат и лесноумни и наивни.

Би те интересирало и

Евтин начин за белење на заби во домашни услови

Доколку сакате да ги избелите забите во домашни услови, одличен е методот со користење на ...

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...