Помеѓу краставиците и марихуана: Македонски камијонџија шверцал дрога, албанската полиција го уапси

Камионот транспортирал свежи краставици, а во кутиите биле и кесите со марихуана. Полицијата пронашла 705 килограми марихуана.

Еден македонски државјанин е упасен од албанската полиција во пристанишниот град Драч. Во камионот со кој што тој управувал била отриена голема количина марихуана.

Во полициското соопштение стои дека дрогата била откриена при контрола со скенер на камион марка „даф“ пред неговото влегување во траектот, кој сообраќал на релација Драч-Бари.

Камионот транспортирал свежи краставици, а во кутиите биле и кесите со марихуана. Возилото било натоварено во албанскиот град Лушња од компанија овластена за извоз на зеленук.

Крајната дестинација на дрогата во тежина од 705 килограми била Холандија.

Освен уапсениот Македонец К.Ф.(35) полицијата трага по други три лица.

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close