Поплава во Државниот архив, вработени спасуваат архивски материјали – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Поплава во Државниот архив, вработени спасуваат архивски материјали

Простории на Архивот на Република Македонија се поплавени од дождовите што во изминатите денови го погодија Скопје. Поплавени се шестиот и седмиот кат од зградата каде се сместени и Археолошкиот музеј и Уставниот суд.

Дел од вработените синоќа и денеска се обидуваат да преместат архивски материјали за да не бидат уништени.

„Ова не е првпат. Секогаш е вака кога врне. Ова е веќе неиздржливо“, изјави вработен кој учествувал во спасувањето архивски материјали, пренесува Македонската информативна агенција.

Прокиснати се и таваните во административниот дел од Државниот архив. Во префрлање на архивските материјали на побезбедни места учествувал и директорот на Архивот, Кирил Петров.

Со одлука на претходната влада од февруари 2012 година Архивот на Македонија е префрлен од локацијата на „интелектуалното јадро“ во Скопје во зградата на Археолошкиот музеј, на последните – шести и седми кат.

Новите простории се во целосна спротивност со светските стандарди за архивско работење, наведуваат вработени во Архивот.

Од 2014 година, кога Државниот архив на Република Македонија беше преселен во новиот објект на Археолошкиот музеј, институцијата работи во супстандардни услови, како за вработените, така и за архивскиот материјал и за корисниците.

Стариот објект изграден пред 49 години (1969), бил наградуван и посочуван како пример за институција што применува светски стандарди за архивско работење.

Во 2016 година Архивот не работеше во неколку наврати поради поплавување на подрумските простории и на окната на лифтот. Работните простории останаа без пристап, без струја, без вода и без неопходна вентилација.

Би те интересирало и

Месец на бугарски филм

Манифестацијата „Месец на бугарски филм“, која почна во Кинотеката на Македонија на 1 февруари, ќе ...

Со хит комедијата ,,Од кол на кол“ прилепскиот театар денес слави 68 години од формирањето

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва со изведбата на веќе култната претстава „Од кол на ...