Поплави во Кина: Најмалку 56 загинати

Најмалку 56 лица загинаа, а 22 се водат за исчезнати во поплавите што ги предизвикаа обилните врнежи од дожд во јужниот дел на Кина.

Властите објавија дека најмалку 24 лица загинале во покраината Хунан, каде надлежните служби стравуваат дека можат да се повторат катастрофалните поплави од 1998 година кога животите ги загубија 4.000 луѓе.

Агенцијата Синхуа јави дека реката Џианјианг, голема притока на Јангце, која минува низ покраината Хуан, го достигнала рекордното ниво, кое е повисокот од она во 1998 година.

Во главниот град на Хунан, поплавени се голем број куќи и сообраќајници.

Војници, доброволци и ученици се ангажирани во спасувачките акции.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Момче удри во три возила, тројца повредени

Дваесетидвегодишниот Б.Ј. од скопското село Сопиште, управувајќи патничко возило „Пежо 206“, удрил во три паркирани ...

Возач загина во сообраќајка во Кочани

Дваесет и деветгодишниот Н.Н. од Кочани загина во сообраќајна несреќа, која се случила изутринава во ...