Попоски за изјавата на Коѕиас: Мора да излеземе од матрица во која ни сервираат решенија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Попоски за изјавата на Коѕиас: Мора да излеземе од матрица во која ни сервираат решенија

Образованието е еден од сегментите во кои може да создадеме мостови и тоа беше една од темите опфатени во планот за мерки за градење доверба – вака одговори денеска поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски на новинарско прашање за изјавата на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас дека во грчките учебници ќе се отстранат иредентистичките поими и географските карти.

„Доколку постои тенденција да се создаде еднострана основа за ревидирање на македонски учебници од надвор, тогаш излегуваме од концептот за реципроцитет. Во тој случај наметнуваме потреба Македонија да биде одбележана ккако страна која креира проблеми “, истакна Попоски, коментирајќи ја најава на Коѕиас дека Грција и Македонија ќе формираат заедничка комисија од експерти кои ќе ги отстранат иредентистичките поими во учебниците и географските карти.

Мора да излеземе од матрица во која некој ни сервира решенија и ги подготвува текстовите, а ние како држава, преку владините претставници ги потпишуваме. Јас би се залагал за пристап во кој би задржале реципроцитет.  Во образовните програми да важат истите правила за сите страни. Ако е базирано на аргументи нема зошто да не чекориме напред. Ако е базирано на демонстрација на сила ќе се создадат потешкотии за да се прифати реалноста. На ова сигнализиравме и кога се потпишуваше договорот со Бугарија.

Инаку, според изјавата на Коѕиас за една грчка телевизија, експертската комисија ќе биде формирана во ноември. Таа ќе има рок од четири месеци за да ја заврши својата работа. Коѕиас оценува дека ова е важен чекор, најавувајќи и други чекори, за кои како што вели, разговарале со својот македонски колега.

Би те интересирало и

Греењето на дрва најисплатливо, на струја еколошки најприфатливо

Греењето со огревни дрва се уште е економски најисплатливо во Македонија, а греењето со електрична ...

Нивото на Вардар кај Јегуновце четири пати пониско

Четири пати пониско од просекот за јануари е нивото на реката Вардар кај Јегуновце, покажува ...