Попоски на 127-та Сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа

Министерот за надворешни работи во техничката влада Никола Попоски ја предводи делегацијата на Република Македонија која денес и утре учествува на министерската сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ), под претседавање на Кипар.

Според најавите од МНР претставниците од земјите членки на Организацијата ќе ги разгледаат состојбите и актуелните предизвици, кои се приоритети на Советот на Европа, меѓу кои: борбата против тероризмот, мигрантската криза, конфликтите и кризите во Европа и улогата на Советот на Европа, како и обезбедување долгорочна ефективност на Европската конвенција за човекови права.

На сесијата, претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа од Кипар ќе го преземе Чешката Република, која ќе претседава до ноември оваа година.

На агендата на Никола Попоски се планирани и повеќе билатерални средби.

Би те интересирало и

Оптимистички најави од новата локална власт во Неготино дека проблемот со недостиг на вода ќе отиде во заборав

Ќе се реши ли конечно проблемот со недостигот на водата за пиење во Неготино – ...

Граѓаните на Штип и надлежните в петок ќе расправаат за квалитетот на водата за пиење

Водоснабдување, квалитет на водата за пиење, одвод и канализација – ова се темите за кои ...