Популарната музика го опушта пациентот пред операција

Музиката во операционите сали ја намалува нервозата кај пациенти кои се подготвуваат за операција – тврдат хирурзи од болницата „Џон Редклиф” во британскиот град Оксфорд.

Музиката дури може да помогне и во заздравување по оперативниот зафат, при што најделотворни се популарните хитови. Сличен ефект е постигнат и кај пациенти оперирани со локална анестезија.

Слушањето музика за време на операцијата го намалило нивото на нервоза за една третина, кај пациентите кои биле оперирани во сала со музика.

Би те интересирало и

„Епл“ сака да ја купи апликацијата за препознавање мелодии „Шазам“

Американската технолошка компанија „Епл“ преговара за преземање на апликацијата за препознавање мелодии и песни „Шазам”, ...

Трикови за убавина од Меган Маркл

Идната Војвотка од Сасекс, Меган Маркл деновиве е топ тема во светските медиуми. Во интервју ...