Поп Ап АКТО – Успешна приказна испишана по 11-ти пат: Интервју со Ивана Васева

akto_tevovo

АКТО – Фестивал за современа уметност е приказната која по единаесетти пат успешно ја испиша Здружението ФРУ – Факултет за работи кои не се учат. Почнувајќи од Битола во екот на летото, оваа манифестација која ја негува алтернативната култура, прпдолжи во Скопје, па во Штип, за на почетокот на последниот месец да биде заокружена во Тетово.

Сумирајќи ги своите впечатоци, програмската директорка на АКТО, Ивана Васева ќе каже:
„Покрај уморот кој постои во позадина, многу сум задоволна од целата приказна. Не можам да одделам нешто што најмногу оставило впечаток, затоа што сакавме да отвориме нов поглед на нештата“.

Дебати, перформанси, изложби и работилници зачинети со ноти во алтернативен музички звук се најдоа на програмите на АКТО во сите четири градови каде се случуваше овој фестивал.akto

„Во Штип во соработка со КУЦ Текстил и Здружението Гласно го покренавме прашањето за правата на текстилните и кожарските работници, а во Тетово го покренавме прашањето за загадениот воздух“, потенцира Васева.

Таа додава дека се’ уште не може да се зборува за влијанието кое АКТО го има врз јавното мислење и критичкото размислување, зашто како што вели таа, треба да помине една долгорочна фаза која ќе ги покаже резултатите од солидализирањето со прашања кои и не се толку актуелни во државава.

АКТО фестивалот досега се одржуваше само во Битола, а оваа година за првпат беше претставен и во Скопје, Штип и во Тетово. Овој фестивал се организира во соработка со УСАИД.

 

 

 

 

 

 

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Кој ќе доцни на претстава – нема да присуствува

Новиот директор на МНТ, Драган Спасов – Дац, вчера преку својот профил на „Фејсбук“ напиша ...

Овации за документарецот „Со љубов“

Насмевки, емоции, аплаузи и бурни овации, предизвика проекцијата на македонскиот документарен филм „Со љубов“, посветен ...

Close