Поради бомба од Втора светска војна евакуиран и Рускиот конзулат во Хонг Конг – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Поради бомба од Втора светска војна евакуиран и Рускиот конзулат во Хонг Конг

Поради бомба од Втората светска војна блокирани се неколку улици во хонгкошката област Ванчаи. Наредена е евакуација на станбени згради, хотели и канцеларии, како и на Генералниот конзулат на Русија.

Бомбата ја пронашле градежни работници при изградба на железничка пруга.

Тоа е трета бомба што е ископана во областа Ванчаи од почетокот на годината.

Хонг Конг беше под јапонска окупација од 1941 до 1945 година, а беше бомбардиран и од авионите на САД.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...