Поради злоупотреба, Ди Каприо го предаде Оскарот на полицијата

Леонардо ди Каприо морал да ја предаде на федералните агенти статуетката од Оскарот која која му припаѓала на Марлон Брандо.

Награда која оригинално му била доделена на Марлон Брандо, а подоцна подарена на Ди Каприо, ја предале на федералните агенти како доказ во случајот со глобалниот скандал за корупција во која се вмешани филмските продуценти и малезискиот премиер Наџиб Разик.

Филмот „Волкот од Вол стрит,“ во кој Ди Каприо има главна улога, е финансиран од продуцентската куќа „Ред грант филм“. Еден од сопствениците  на студиото Раз Азизиу е очув на премиерот на Малезија, Наџиб Разик. Парите кои требале да одат во фондот за економски развој во Малезија, отишол во продуцентската куќа и вложен е во создавањето на филмот „Волкот од Вол стрит“. Парите требале да се вратат назад на граѓаните, а тие се вложувале во инфраструктурни проекти. Сега властите се обидуваат да ги вратат парите во фондот така што продаваат сè што е купено со нив. Иако малезискиот премиер тврди дека не направил ништо лошо, Ди Каприо прифатил да соработува со американските власти.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Болт ќе го отвори ГП на Америка

Атлетската суперѕвезда Јусеин Болт ќе има чест да го отвори формирачкиот круг на американското ГП ...

Вештачката интелигенција стана дел од новинарството

Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а натаму би можела да стане и ...