Поради неисплатените плати, работниците од МГИ утре повторно ќе протестираат – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Поради неисплатените плати, работниците од МГИ утре повторно ќе протестираат

Поранешните вработени од конфекцијата МГИ во скопска Кисела вода се’ уште не ги добиле своите плати за март и за април, поради што утре повторно ќе протестираат.

Здружението „Гласен текстилец“, денеска информира дека протестот ќе започне во 12 часот. Ова е втор собир на вработените, преку кој тие ќе побараат одговор од надлежните кога ќе ги добијат нивните заостанати плати, кои ги зарабтиле работејќи прекувремено.

Повеќе од сто работници од конфекцијата Македонија Гармент Индустри неодамна се соочија со отказ, без ништо да им биде најавено. Тие веќе реагираа дека непосредно пред тоа, на дел од нив им биле потпишувани документи за кредити, кои сега немаат како да ги отплаќаат.

Инаку, оваа конфекција е сопственост на холанѓанецот Марсел Мелес, сопруг на актерката Синоличка Трпкова. Канал 77 се обиде да добие негов коментар за целата ситуација, но тој не одговараше на телефонските повици. Мелес не се одважи ниту да разговара со работничките за време на првиот протест, на кој иако беше мирен, беше повикана и полиција.

Би те интересирало и

Анита Ангеловска Бежоска избрана за гуверенер на НБРМ

Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер ...

Работниците од Фени ја прашуваат Слаѓана Тасева чии интереси застапува по наводите за стечајот во фабриката

По денешната прес конференција на Транспаренси Интернешнел Македонија, каде директорката Слаѓана Тасева ги повика надлежните ...