Поради неопременост во Тетово се гасат пожари со часови – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Поради неопременост во Тетово се гасат пожари со часови

Тетовските пожарникари интервенираат без доволно и соодветна опрема. Поради неопременост често пати пожарникарите не можат навреме и ефикасно да ги локализираат пожарите.

Тетовската противпожарна единица иако опслужува голем регион со 6 општини, се уште се соочува со недостиг на опрема. Единицата нема противпожарни скали, и покрај тоа што во Тетово има голем број на висококатници, нема мали специјализирани возила со кои поефикасно би интервенирале во делови од градот каде улиците се тесни. Командирот на еидницата Ука Алити, вели дека во еден од последните пожари во високатница во Тетово пламените јазици се гаселр 7 часа, затоа што немале противпожарни скали.

Од тетовската противпожарна единица, велат дека се соочуваат и со други проблеми при гасењето на пожари. Често пати во подрумските простори на зградите има разни запалливи материи, кои можат да предизвикаат големи проблеми во локализирањето на пожарот. Затоа апелираме надлежните државни институции да вршат поголема контрола на колективните згради, рече Алити.

Од Општина Тетово, најавуваат дека во наредниот период ќе следи опремување на тетовската територијална противпожарна.

Зоран Димовски

Би те интересирало и

Градоначалникот Јованоски ги прими и им врачи подароци на трите топ менаџерки од Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски претпладнево во својот кабинет оствари прием за трите прилепчанки менаџерки:Ирена ...

Времен сообраќаен режим на дел од автопатот Велес-Катланово

Времен режин на сообраќај ќе се воведе од утре до 10 мај на автопатот А1(Е-75) ...