Поради снежна бура блокирани патиштата во североисточна Турција

Снежна бура ги блокира патиштата во турскиот североисточен регион Ардахан.

Снежна бура ги блокира патиштата во турскиот североисточен регион Ардахан, јави СиЕнЕн-Турк.

Интензивните снежни врнежи почнаа вчера околу пладне, а во текот на вечерните часови регионот беше зафатен и со силен ветер.

Снежната бура ја ограничи видливоста по патиштата и предизвика прекин на сообраќајот во повеќе делови на регионот.

Температурата во текот на ноќта падна до минус четири степени целзусови.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Историски ден за Зимбабве – Новиот претседател положува свечена заклетва

Толпа народ се собра на фудбалскиот стадион во главниот град на Зимбабве, Хараре, за да ...

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал

Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите ...