Пораз за македонските јуниори во првиот од двата дуела со Бугарија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пораз за македонските јуниори во првиот од двата дуела со Бугарија

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија која се подготвува за настап на ЕП Дивизија Б, вчеравечер загуби на првиот натпревар од двомечот против соодветната селекција на Бугарија со 84:74.

Во дуел кој двете селекции си го предаваа водството, победија домаќините со неколку дискутабилни одлуки на судиите во последниот период.

Бугарите ги добија првата втората и последната четвртина, а Македонија беше подобра во третиот период: 23-19, 25-22, 14-16 и 22-17.

Денес двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар, а потоа македонските кошаркари се враќаат во Скопје. Следен пријателски двомеч ќе имаат против Австрија во Виена на 8 и 9 јули.

Европското првенство (дивизија Б) ќе се одржи од 28 јули до 6 август во Талин, Естонија.

Би те интересирало и

Нагло зголемен бројот на нови мигранти во Грција

  Бројот на мигранти кои пристигнуваат на грчките острови е двојно поголем –  грчкиот министер ...

Евакуиран францускиот остров Мон Сен Мишел

Островот во Ламанш, Мон Сен Мишел, денеска е евакуиран поради закана кон полицијата од страна ...