Поранешната париска берза ќе стане уметнички музеј

Францускиот милијардер и бизнисмен Франсоа Пино планира да ја трансформира берзата од 19-ти век  во Париз, во нов, модерен уметнички музеј.

Музејот ќе биде дом на неговата уметничка колекција вредна 1,25 милијарди долари. Пино, чија компанија за трговија со висока мода е сопственик на куќите како Ив Сен Лорен и Гучи, ќе ја реставрира зградата која му припаѓа на градот со свои пари, а за возврат ќе добие сопствеништво над неа во наредните 50 години.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Најдобрите германски филмски остварувања и годинава пред штипјани

Фестивалот на новиот германски филм, во Штип ќе го означи почетокот на последната недела од ...

Светска премиера во Пекинг на композиција од Дарија Андовска

Во рамките на China CEEC Cultural Season- Music Dialog and Cooperation 2017, на 13 октомври, ...