Последен аплауз за починатиот актер Љупчо Брислиски

naroden_teatar_stip

Последен аплауз за актерот и режисер Љупчо Брислиски, кој почина неодамна. На денешната комеморација во штипскиот театар „Ацо Шопов“, неговите колеги, роднини и пријатели му оддадоа почит, сеќавајќи се на неговиот лик и дело.

-Тој беше прецизен и точен, ниту еден не згреши во усната рецензија, во оценувањето на претставите. Има еден факт преку кој не можеме да поминеме – сите верувавме во ликовите кои Љупчо ги толкуваше на цена. Се надевам дека после ова, Љупчо уште долги години ќе живее меѓу нас  бидејќи ќе го паметиме по најубавите сценски изведби и она умно кажано од него за теарската уметност. Зборувавме за режисерите и актерите, бевме занесени во театарот и сакавме да дадеме автентична оценка. Тоа останува кај мене во сеќавање и кај сите што поинтимни биле со него – Вака уметничкиот директор на театарот, Трајче Кацаров се сеќава на неговиот сограѓанин Брислиски.

„Тој се изразуваше преку ликовите кои ги толкуваше и имаше исклучителен сенс за театарот. Го сакаше толку што дури и размислуваше театарски“, вели Кацаров.

Директорот Миле Вртеовски пак, потсетува дека Брислиски во својата кариера имал и неколку филмски улоги.

„Улогите во Големата вода, Трст виа Скопје, Пред дождот, Преку езерото –ќе не’ потсетуваат на неговиот талент и неговата големина“.

Единствениот колега на Брислиски од студентските денови, кој присуствуваше на комеморацијата, беше струмичкиот актер Ванчо Мелев.

„За него ќе кажам се’ најдобро. Изгубивме прекрасен човек, добар актер. Го молев да дојде во Струмица бидејќи јас бев директор на струмичкиот театар, но тој за жал не се сложи бидејќи сакаше да остане верен на штипската публика“.

Денешниот настан, посветен на актерот кој почина во 54 –та година од животот, заврши со прикажување колаж од неговиот филмски опус.

Би те интересирало и

Се’ уште нема потврда од грчкото МВР за апсењето на Грујевски и Бошковски

МВР се’ уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници ...

Тешко повреден работник додека сечел дрва

Додека сечел дрва со тешки телесни повреди се здобил 30 годишен жител од гостиварско Ново ...