Последен меч на „Винсенте Калдерон“, Барселона го освои Купот (Видео)

Барселона славеше против Депортиво Алавес 3:1 и го освои трофејот во Купот на Кралот. Натпреварот во Мадрид, на „Винсенте Калдерон“ беше последен кој се одифра на овој легендарен стадион.

Каталонците ривалот од Баскија го „скршија“ во последните три минути од првиот дел. Барселона го освои својот 29 трофеј во Купот, тренерот Луис Енрике со победа се прости од Барселона, а Лео Меси и Андрес Иниеста го освоија 30-от трофеј во импресивните кариери.

Барселона го отвори резултатот по половина час игра со голот на Меси, а само три минути подоцна израмни Тео Ернандес.

Но во финишот на првиот дел Барселона го реши победникот. Најпрвин Нејмар, од сомнителна позиција, погоди во 45.минута, а три минути подцна конечниот резулта го постави Пако Алкасер.

Превземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...

ФИФА: Во првите 24 часа преку милион барања за влезници на СП 2018 во Русија

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 ...