Последен поздрав со кралицата Есма Реџепова

esma1
Фото: Telegraf.mk

Голем број колеги, пријатели, почитувачи на ликот и делото на Есма Реџепова денеска на градските гробишта во Бутел се простија од кралицата на ромската музика.

Меѓу нив беа Ибуш Ибраимовски, Виолета Томовска, Ванчо Тарабунов, Ферус Мустафов, Драган Вучиќ, Јордан Митев, Борче Нечевски, Борис Трајанов, Амди Бајрам, Весна Петрушевска, Михајло Маневски.

Есма беше позната и почитувана во целиот регион. На погребот денеска присуствуваа и медиуми од соседството. Претходно, во 11 часот, во Градското собрание во Скопје се одржа комеморација на која ѝ беше оддадена последна почит на легендарната Есма Реџепова.

Есма Реџепова е родена на 8 август 1943 година во Скопје, а почина вчера, 11 декември, во болница, по кратко боледување. За нејзините дела може да се зборува со денови, може да се напишат книги, може да се снимаат многу филмови бидејќи, пред сè, Есма беше човек.

Таа беше еден од најголемите хуманитарци што живееле во оваа наша земја, а за музиката што ја остави, може само да бидеме горди и да ја чуваме во нашите спомени.

esma3
Фото: Telegraf.mk




Додади коментар

Би те интересирало и

jovan-krstitel

Денеска е Собор на Св. Јован Крстител

Денеска е Собор на св. Јован Крстител. Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во ...

133532437-99524

Продавница АПоТЕКА во склоп на Младинскиот културен центар

Младинскиот културен центар по повод Роденденот на уметноста, кој го прославува во изминатите шест години, ...

Close
×

Стадион на Канал77



Додади коментар
Web Design BangladeshWeb Design BangladeshMymensingh