Поставен е камен темелник за изградба на џамијата на Попова Шапка, која нема одобрение за градба – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Поставен е камен темелник за изградба на џамијата на Попова Шапка, која нема одобрение за градба

 
На туристичкиот центар Попова Шапка вчера беа удрени темелите на џамијата која се гради без одобрение за градба. Свечената церемонија се одржа во присуство на верници и темелите ги поставија поглаварот на ИВЗ Сулејман ефенди Реџепи и повеќе муфтии од оваа верска заедница. Реизот Реџепи, изјави дека џамијата ќе се гради и не му е јасно зошто се бара дозвола за градба кога и другите објекти на Попова Шапка не се легално изградени.
„Ако цела Попова Шапка нема урбанистички план тогаш сите хотели, викенд куќи па и манастирот на Попова Шапка се дивоградби и не ми е јасно зошто за џамијата се бара дозвола. Мене пред повеќе години ми беше ветено дека тука ќе се гради џамија, но досега тоа не било направено, бидејќи тогаш немаше волја тука да се изгради џамија“, изјави Сулејман ефенди Реџепи.
Локацијата која е предвидена за изградба на џамија, се наоѓа на самиот влез на Попова Шапка во викенд населбата. Пред неполни три месеци беше уништена бујна вегетација за подготовка на теренот за градба.
Од Секторот за урбанизам при Општина Тетово велат дека на локацијата каде моментално се вршат градежни активности, нема издадено одобрение за градба на верски објект џамија.
-На таа локација па и во целата викенд населба не смее ништо да се гради, затоа што за местото се уште нема изработено детален урбанистички план – велат од секторот за урбанзам.
Тетовскиот инспекторат ја запре градбата во два наврати, но инвеститорот не ги испочитува забраните, градежните активности продолжија. Денеска  од Општина Тетово, не успеавме да добиеме став во врска со незаконските активности кои се вршат на Попова Шапка

Би те интересирало и

Заменик помошникот на УСАИД Бирман го посети националното радио Канал 77

Помошник aдминистратор на Бирото за Европа и Евро-Азија во УСАИД Вашингтон, Брок Бирман, во придружба ...

Заменик помошникот на УСАИД на средби во Штип

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска оствари средба со претставници на USAID, меѓу кои ...