Почетокот на настава пред 08.30 часот предизвикува депресија кај учениците

Почетокот на настава пред 08:30 часот наутро го зголемува ризикот од депресија и анксиозност кај учениците, се тврди во новото истражување на списанието Sleep health. Раниот почеток на наставата создава притисок кај децата, што ја нарушува нивната способност за спиење и ги изложува на поголем ризик од настанување на проблемите во менталното здравје.

Водачот на студијата д-р Џек Пелтц од Универзитетот „Рочестер медикал центар“ рекол дека поради раното будење се создава притисок кај децата дека мораат порано да легнат и да се наспијат, поради што имаат зголемени ментални пречки, додека подоцнежниот почеток на наставата има добро влијание.

„Добар сон со подоцнежен почеток на наставата дава подобри резултати“, додал Пелтц.

Експертите им препорачуваат на учениците да имаат рутина за одење во кревет секогаш во исто време и тоа меѓу 20 и 22 часот, како и да ја намалат употребата на технолошки направи пред спиење.

Во истражувањето се анализирани 197 ученици, на возраст меѓу 14 и 17 години, кои пополнувале прашалници. На прашањата одговарале и нивните родители. Биле поделени во две групи, оние на кои наставата им почнува пред 8:30 часот и оние на кои им почнува подоцна. Седум дена пишувале дневник каде што ги бележеле навиките во спиењето, квалитетот и должината на сонот како и симптомите на депресија и анксиозност.

Резултатите покажале дека учениците кои станувале порано, бидејќи наставата им почнува во 07:30 имале симптоми на депресија и анксиозност. Утврдено е дека тоа имало и влијание на нивните активности и исхраната.

Би те интересирало и

Одобрена првата таблета со дигитално следење во САД

  Американските регулатори од Агенцијата за храна и лекови ја одобрија првата пилула која може ...

Направи сам: Домашна маска за оштетена коса

Оваа маска е погодна за сите типови на коса, а освен тоа помага и во ...