Почина најпознатиот југословенски псикер кој ги читаше тажните вести

На деведесетгодишна возраст, почина еден од најпознатите српски и југословенски спикери Миодраг Здравковиќ. На телевизија почна да работи во 1960 година и веднаш се издвои како појава со својата вештина на соопштување.

Здравковиќ ги читаше првите вести за атентатот на Џон Кенеди, за трагичните настани во Чехословачка, во август 1968 година поминувајќи цели три часа во студиото соопштувајќи ги непрекинато пристигнатите вести.

Нешто слично се повтори и во текот на Конференцијата на неврзаните во Каиро.

Несомнено најнезгодната должност во рамките на своето работно место во својата блескава спикерска кариера ја имал во недела 4 мај 1980 година, кога после краткиот и невообичаен прекин на програмата на нацијата и ја соопшти веста за смрта на Јосип Броз Тито.

Би те интересирало и

Слободан Праљак му понудил отров и на Ратко Младиќ

Хрватскиот генерал и лидер на босанските Хрвати, Слободан Праљак кој се отру со цијанид во судницата ...

Излезе официјалниот трејлер на „Jurassic World: Fallen Kingdom“ (ВИДЕО)

„Universal Pictures“ ќе ја продолжат следното лето сагата за островот на диносаурусите, започната од Стивен ...